За Мене

Се викам Виктор Масторидис и син сум на Надежда (Македонка) и Иоанис (Грк) Масторидис.

Роден сум во Солун, Грција, а на 6-годишна возраст моите се преселија во Скопје.

Во 1989 заминав да живеам во Холандија.  1994 -95 повторно Скопје, 95-96 Солун, 96-97 Скопје и од 1997 живеам во Лондон, Велика Британија.

Мојата главна животна преокупација е музика: компонирам, свирам, предавам и пишувам за неа.

Мојот музички од го почнав во Скопје со Блуз, Рок и најпосле Рап. Рап бендот Супер Нова (1985-89) беше пионер во оригинални Хип-Хоп композиции на тогашните Југо-јазици: македонски и српско-хрватски.

Од моето заминување во Холандија и најсетне во Англија  се свртев скоро исклучиво кон Урбана Балканска музика.

Како учител имам започнато со приватни часови по Скопје, а во моментов сум учител по музика во едно основно интернационално училиште во Лондон.

Како новинар почнав да работам во некогашното Радио Сопје Втора Програма а мометално сум фрилансер во Македонската Редакција на Светскиот Сервис на  БиБиСи

Женет сум за Гинка и имам син Стефан од мојот прв брак.

Моите главни интереси надвор од музиката се веб-дизајн, блогови и Линукс.

Јас сум активен член на Православната црква во Лондон

На Почетната страница се моите главни проекти во веб-етерот.

Се надевам дека ќе најдете интересни и поучни работи во нив.